Connect with us

Фудбал

Милан договара трансфер што ќе ги размрда Апенините, играчот веќе се согласи на договорот

Милан наскоро треба да го официјализира доаѓањето на Пјетро Пелегри од Монако, но се чини дека за нив летниот преоден рок се уште не е завршен.

Пелегри вчера пристигна во Милано каде успешно ги мина лекарските прегледи, а сега се очекува само потпишување на договорот и официјална потврда за неговото доаѓање од Монако на позајмица.

Сепак, се чини дека не завршија со засилувања на Сан Сиро и дека го оставија најдоброто за самиот крај на летниот преоден рок.

Пред неколку дена се појави информација дека Милан сака да го доведе Бернардо Силва од Манчестер Сити, а се чини дека Португалецот навистина би можел да ја продолжи кариерата во дресот на италијанскиот клуб.

Ла Газета дело Спорт утрово објави дека Милан веќе испратил понуда од 60 милиони евра на адресата на Граѓаните, и дека очекуваат дека ќе ја прифатат оваа понуда.

Исто така, беше објавено дека Бернардо Силва веќе ги договори сите услови од договорот со „росонерите“, а сега само се чека Пеп Гвардиола и челниците на Сити да се согласат за неговото заминување.

Сити нема ништо против да го продаде овој фудбалер бидејќи сака да заработи дополнителни пари за да инвестира во обидот да го доведе Хари Кејн од Тотенхем на самиот крај на преодниот рок.

27-годишниот Португалец пристигна во Сити пред четири години од Монако за 50 милиони евра, и се уште има договор до летото 2025 година.