Connect with us

Фудбал

Милан договори уште еден голем трансфер во кој е вклучен и Карлос Бака

Летниот преоден рок за Милан се уште не е завршен и на „Сан Сиро“ сакаат што подобро да ја засилат екипата за новата сезона.

Новата сезона во Серија А започнува овој викенд и фудбалската јавност е согласна дека не чека една возбудлива сезона. Голем број ѕвезди одлучиа кариерата да ја продолжат на Апенините, но секако во прв план е Кристијано Роналдо кој потпиша за Јувентус.

Трансферот на Роналдо ги израдува и „Росониерите“ затоа што успеаа да им го „украдат“ Гонзало Игуаин кој стана вишок во „Старата дама“. Милан донесе неколку звучни засилувања, но јасно е дека за нив летниот преоден рок се уште не е завршен.

Италијанските медиуми пренесуваат дека младиот Саму Кастилејо кој минатата сезона одигра одлично во дресот на Виљареал. „Sky Italia“ пишува дека Милан и Виљареал се договориа и дека „Росониерите“ за овој играч ќе платат 18 милиони евра, а во спротивна насока ќе замине Карлос Бака.

Кастилејо ќе дојде на позајмица до крајот на сезоната за која Милан ќе плати четири милиони евра, но наредното лето ќе биде приморан да го откупи неговиот договор и да плати дополнителни 14 милиони евра.