Connect with us

Фудбал

Милан го купува Дани Олмо за 20 мил. евра

Актуелниот шампион на Хрватска, тимот на Динамо (З), најверојатно за време на зимскиот преоден рок ќе остане без услугите на најдобриот играч. Шпанскиот интернационалец Дани Олмо е желба на неколку европски гигант, но најконкретната понуда пристигнала од Италија.

“Калчомеркато” откри дека челниците на Динамо (З) веќе неколку дена преговараат со калчо гигантот Милан, кој е подготвен да одвои 20 мил. евра за 20-годишниот играч за врска.

Доколку се најде заеднички јазик, Динамо (З) нема веднаш да го добие понудените 20 мил. евра. Поголемиот дел од паричната сума ќе биде уплатен на клупската сметка, а останатата сума ќе зависи од настапите на Олмо на “Сан Сиро”.

Популарните “модри” во изминатите неколку месеци заработија нешто повеќе од 50 мил. евра. На трансферите Динамо (З) заработи 37.5 мил. евра, а од настапите во Лигата на шампиони и Лига Европа заработи 14.1 мил. евра.

Олмо во актуелната сезона одигра 26 натпревари, на кои постигна четири погодоци и запиша седум асистенции.