Connect with us

Фудбал

Милан го очекува растурање веќе во јануари

УЕФА и доброволниот договор за Финансиски фер плеј можат да го натераат Милан веќе следниот месец да се раздели со две големи засилувања од летоска, Андре Силва и Хакан Чалханоглу се на излезна врата

„Росонерите” играат во лоша форма, а не се сјајни ниту работите надвор од теренот. Има многу прашалници околку финансиската моќ на новите сопственици, а Милан најверојатно ќе добие удар и од УЕФА. Имено, сосема е веројатно дека УЕФА ќе го одбие предлогот за доброволен договор за Финансиски фер плеј, па клубот од Сан Сиро ќе треба да прибира средства.

Според Ла Стапма, еден од плановите е во јануари Милан да се раздели со Андре Силва и Хакан Чалханоглу.

Португалецот пристигна за 38 милиони евра плус бонуси од Порто, а Турчинот за 22 милиони евра плус бонуси од Баер Леверкузен.

Идејата е тие да се испратат на позајмица со цел нивната вредност да не падне ако продолжи лошата форма на Сан Сиро. Доколку во продолжението од сезоната тие блесна во друг клуб, Милан ќе може да заработи добро од нивна продажба следното лето.