Фудбал
Милан го отпушти Бобан, еве кој е следен
Звонимир Бобан повеќе не е директор во Милан, откако клубот денеска официјално му го прекина договорот, односно го отпушти. Бобан заминува поради несогласувањата со политиките на клубот и со извршниот директор Иван Газидис.
„Клубот му се заблагодарува на Звонимир на укажаната услуга во изминатите 9 месеци и му посакува се најдобро во неговата професионална карирра. Клубот и понатаму ќе му пружа доверба на тренерот Стефано Пиоли и неговата екипа и со оптимизам гледаме кон следните натпревари сезонава. Клупската амбиција останува да се вратиме на нивото на европскиот фудбал, истовремено да влеземе во склад со финансискиот фер плеј на УЕФА“ – стои во соопштението на Милан“.
Official Statement: https://t.co/OLUHcxsDUm
Comunicato Ufficiale: https://t.co/FWGYQrqdxj pic.twitter.com/Gjtn6g8RIE
— AC Milan (@acmilan) March 7, 2020