Connect with us

Фудбал

Милан го отпушти тренерот на полувремето против Рома

Милан го отпушти тренерот Паоло Фонсека по само шест месеци на клупата, бидејќи не се задоволни од неговиот учинок. Дел од италијанските медиуми објавија дека Фонсека заработил отказ уште на полувремето на мечот со Рома кој заврши 1:1. Фонсека доби црвен картон во 43-тата минута, а како што тврдат медиумите, на патот кон соблекувалната добил порака дека не е повеќе тренер.

На негово место ќе дојде Флавио Консисао, чиј син го носи дресот на Јувентус.