Connect with us

Фудбал

Милан го привлече Лаксалт од Џенова за 18 милиони евра

Милан го привлече левиот бек на Џенова, Диего Лаксалт за 18 милиони евра, соопштија официјално од клубот.

Дваесет и четири-годишниот играч веќе ги поминал лекарските прегледи и веќе се појави на тренингот за „росонерите“.

Лаксалт веќе има сериозно искуство во италијанскиот шампионат, откако се приклучи на Интер во 2013 година, но не успеа да се наметне и беше даден на трипати на изнајмување – во Болоња, Емполи и Џенова.

Токму во неговиот последен тим тој го покажа својот потенцијал, откако одигра 117 натпревари и забележа 12 асистенции за Џенова.

Уругваецот одигра и силни натпревари за Уругвај на минатото Светско првенство во Русија.