Connect with us

Фудбал

Милан го сака Марсијал, почнуваат преговори со Јунајтед?

Ентони Марсијал се уште е “на мраз” и покрај големиот потенцијал, Жозе Мурињо не го става во првите 11.

Јунајтед вчера го дочека Лестер и издвои победа од 2:1, а Марсијал повторно беше на клупата, па затоа не е чудно што Французинот толку многу сака да замине од Олд Трафорд.

Италијанските медиуми велат дека Милан е сериозно заинтересиран за Марсијал и е подготвен да го купи и ќе влезе во преговори со Црвените Ѓаволи.

Росонерите едно време беал на дното и исфрлени од Европа, а потоа добиа зелено светло за настапи во Лигата на Европа, па почнаа со доведување на играчи.

Најголемата придобивка е Гонзало Игуаин, ни исто така и Стриниќ, Реина, Калдара, Халиловиќ… Сега може да се случи, да дојде и Марсијал кој исто така би бил големо засилување за Милан.

Силниот напаѓач ќе има можност да игра на Сан Сиро како играч на заем, а на крајот на сезоната, Милан планира да го купи неговиот договор. Неговата трансферна вредност се проценува на 65 милиони Евра, но останува да се види дали Мурињо има желба да го пушти.