Connect with us

Фудбал

Милан и Монако се договорија за голема размена

Милан и Монако наводно постигнале договор, па се спремни да разменуваат напаѓачи.

Како што наведува „Медијасет Премиум“, Милан го понудил Андре Силва на Монако, а за возврат го побарал Радамел Фалкао.
Играчите ќе дојдат на позајмица, а постои можност и едниот и другиот клуб да го откупат договорот од играчите, доколку добро се покажат.

Португалецот Силва дојде од Порто во Милан минатото лето, но скапото засилување не ги оправда очекувањата.

Милан бара напаѓач, а наводно е заинтересиран за Чиро Имобиле од Лацио. Извесно е дека ќе го добие Фалкао, затоа што Монако прифати размена.

На овој начин Милан би избегнал нови финансиски загуби, а Силва би добил ново искуство и шанса за редовно играње.