Connect with us

Фудбал

Милан најде алтернатива за Ибрахимовиќ

Милано, 24 август 2020 (МИА) – Милан покажува интерес за напаѓачот на Атлетико, Ангел Кореа.

Според „Калчо Меркато“ 25-годишниот Аргентинец ќе биде приоритетна цел на „росонерите“ доколку Златан Ибрахимовиќ не потпише нов договор со клубот.

Договорот на 38-годишниот Швеѓанец со Италијанците истекува на 30 август.

Минатата сезона во Ла Лига Кореа одигра 33 натпревари, постигнувајќи 5 гола и седум асистенции. зс/