Connect with us

Фудбал

Милан најде ново засилување во Лил?

Споменатиот француски клуб по крајот на сезоната би можел да го напушти играчот од средниот ред на Лил Ренато Санчес.

Имено, според странските медиуми, Лил е подготвен да го продаде Санчез во летниот преоден рок, чиј договор со францускиот клуб истекува летото 2023 година.

За неговите услуги има многу заинтересирани, а италијанските медиуми пишуваат дека меѓу нив е и Милан. Наводно, челниците на Росонерите во португалскиот репрезентативец гледаат замена за Франко Кесие, кој сепак не ја прифаќа понудата за продолжување на соработката.

Но, Милан не е единствениот италијански клуб кој би сакал да го види португалскиот играч за врска во своите редови. На Санчез му „фрлија око“ и Рома и Јувентус, но поради добрите односи со Лил, клубот од градот на модата е најголемиот фаворит за негово доведување.

Да потсетиме, Санчес пристигна во Лил во 2019 година од Баерн, а во досегашната кариера настапуваше за Бенфика и Свонси Сити.

Сезонава за Лил одигра осум натпревари во сите натпреварувања, а за францускиот тим одигра вкупно 67 натпревари со ефект од пет гола и шест асистенции.

Реклама

Facebook

Реклама