Фудбал
Милан подготвува троен трансфер удар
Милан подготвува троен трансфер удар во текот на летото. „Росонерите“ се решени да го зајакнат сериозно тимот и во плановите за селекција влегуваат Марио Манџукиќ, Маруан Фелаини и Балде Кеита, тврдат информации во италијанските медиуми.
Според „Кориере дело Спорт“, Џенаро Гатузо сака во неговиот состав да дојде Манџукиќ од Јувентус. Хрватот одби предлог за трансфер во Кина, за да може да разгледа понуда од „црвено-црните“. Јуве се очекува да бара износ од 20-25 милиони евра.
Во средината на теренот, Милан планира да се засили со Маруан Фелани од Манчестер Јунајтед, објави „Тутоспорт“. Договорот на белгиецот истекува и може да дојде на „Сан Сиро“ како слободен агент. Проблемот е дека интересот за него е голем и „росонерите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата и да предложат сериозна понуда.
Во видното поле на миланскиот гигант е и Балде Кеита од Монако, тврди „Газета дело Спорт“. Крилото беше во плановите уште за време на престојот во Лацио, а оваа сезона продолжи со добрите игри и со екипата од Кнежеството, откако има 8 гола и 11 асистенции на своја сметка. Од Милан планираат да понудат размена – за Франција да замине Андре Силва, а Кеита да преземе во спротивна насока кон Милано.