Фудбал
Милан повторно го бара напаѓачот на Реал Мадрид
Милан го посакува напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ на позајмица на крајот на сезоната.
Шпанскиот весник „Дијарио АС“ пренесува дека црвено-црните го сакаат српскиот напаѓач како алтернатива на Златан Ибрахимовиќ,
Швеѓанецот постигна 10 гола на шест натпревари во Серија А оваа сезона, но ветеранот се соочува со низа повреди и ќе недостасува до јануари.
Милан се надева дека ќе го ангажира Јовиќ, кој премина од Ајнтрахт Франкфурт во Мадрид во јули 2019 година
22-годишниот фудбалер допрва треба да го убеди тренерот Зинедин Зидан да биде дел од почетниот состав, бидејќи досега оваа сезона играше само четири пати во Ла Лига.
Јовиќ постигна два гола на 32 натпревари за Мадрид од неговиот трансфер во јули 2019 година од тимот на Ајнтрахт Франкфурт.