Фудбал
Милан претстави ново засилување!
Милан денес претстави ново засилување.
Новиот член на „росонерите“ стана англиски фудбалер Фикајо Томори, 23-годишен дефанзивец кој доаѓа на позајмица од лондонски Челзи.
Томори потпиша договор со Милан до крајот на јуни. „Росонерите“ ќе имаат право да го откупат договорот за 30 милиони евра.
Томори ја помина целата своја кариера во младинските селекции на Челзи, а во својата сениорска кариера играше на позајмица во Брајтон, Хал и Дерби.
Тој не ја доби вистинската можност со Френк Лампард и беше одлучено да го испрати на нов заем.
Овој дефанзивец ќе го носи дресот со број 23 во Милано.