Фудбал
Милан сака да го донесе Моратa, алтернатива Фалкао
Милан ќе се обиде да го донесе шпанскиот напаѓач на Челзи, Алвара Мората во своите редови ова лето.
Росонерите бараат засилување во нападот бидејќи Никола Калиниќ и Андре Силва не импресионираа минатата сезона. „Gazzetta dello Sport“ пишува дека Мората е прва желба на лидерите на Милан откако не успеаја да го донесат минатата година.
Големиот проблем е дефинитивно финансиската фер игра на УЕФА, што би можело да предизвика Милан да биде исфрлен од Европската лига овој месец. Ако тоа се случи, клубот ќе изгуби многу пари, а доаѓањето на Мората ќе стане невозможна мисија.
Во тој случај, алтернатива би бил Радамел Фалкао, кој би пристигнал од Монако, додека Милан во спротивна насока ќе го испрати Андреа Силва. Споменатите играчи имаат ист агент, а тоа е Хорхе Мендес. Сепак, проблемот за Милан е платата на Фалкао.
Силва би прифатил трансфер во нов клуб, тој призна бидејќи дека во Италија не се снајде и дека му недостасува морето.
Ако има размена на играчи, Монако е подготвен да плати 40 милиони евра за Португалецот.