Connect with us

Фудбал

Милан се „ослободи“ од ултра талентираниот фудбалер

Како тргува Милан на трансфер пазарот? Го донесе Бонучи, па го продаде следната сезона. Го ангажираа напаѓачот Андре Силва, а тој не постигна ни „пола гол“, па замина во Севиља.

Во складот со својата неодреденост се однесуваат и во случајот Мануел Локатели, 21-годишниот млад репрезентативец на Италија.

Сасуоло потврди дека направене е позајмица на млад и талентиран фудбалер со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната.

Два милиони евра веднаш му платиа на Милан, а доколку сакаат да го задржат ќе мора да платат уште десет, плус два милиони за бонуси.

Локатели во сезоната 2015/2016 дебитираше за Милан во Серија А, а следната година во 25 натпревари постигна 2 гола вклучувајќи го и онај гол со кој му донесе победа на Милан против Јувентус.

Минатата сезона одигра 21 натпревар, повеќето влегувајќи во игра како замена, а седум натпревари одигра во Лига Европа.

Со преминувањето во Сасуоло очекува да добие поголема минутажа како Симоне Заза, Матиа Политани, Доминик Берарди… кој во Сасуоло ја стекнаа својата репутација.