Фудбал
Милан, со екстремно решение, ја прекинува својата работа поради КОВИД-19
Милан одлучи да ја прекине работата на академијата, бидејќи бројот на КОВИД-19 во Италија значително се зголемува. „Црвено-црните“ не сакаат да ризикуваат и играчите да бидат масовно погодени.
Неколку случаи во младинскиот сектор го натераа Милан да го следи примерот на Јувентус. Тие издадоа официјално соопштение и ја прифатија таквата одлука.
„Милан поради неколку случаи со КОВИД-19 во возрасните тимови, се одлучи за суспензија на овој сектор, а тоа ќе трае до понеделник, 2 ноември“, – пишува италијанскиот клуб.