Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Милан во последните 30 минути ја „наполни“ Специја, три од три, без примен гол

Екипата на Милан добро ја отвори сезоната. Иако само во првото коло играа со Златан Ибрахимовиќ поради тоа што е позитивен на коронавирус, сепак и во двата меча без него „Росонерите“ славеа. Вечерва во вториот дел, односно во последните 30 минути од мечот ја „наполнија“ Специја со 3:0. Леао постигна два и Хернандес еден гол.

По три кола Милан е втор на табелата, а Аталанта е лидер, но само поради подобрата гол разлика. Милан има три од три, со седум постигнати голови и ниту еден примен. Аталанта има 13 постигнати и пет примени.

Advertisement

Facebook

Реклама