Фудбал
Миленикот на Мурињо е проблем плус за Јунајтед
Нема мир во соблекувалната на Манчестер Јунајтед. Иако последните резултати на дружината на Жозе Мурињо се повеќе од прифатливи, поразот во градската пресметка против Сити повторно го активираше алармот на “Олд Трафорд”.
Како што пишува угледниот “Тајмс”, еден дел од играчите, вината за поразот ја лоцираа кај српскиот интернационалец Немања Матиќ и се побунија поради фактот дека е омилен играч на менаџерот Жозе Мурињо.
Истиот медиуми информира дека незадоволството трае веќе подолг временски период и дека ситуацијата дошла до точка на вриење по дуелот на “Итихат”. Тимските колеги најмногу ми замерија поради начинот на кој му дозволи на Гундоган да го постигне третиот погодок за Сити.
Поголемиот дел од играчите му замериле на “специјалниот” што бразилскиот интернационалец Фред бил исфрлен од првиот тим поради очајната партија против Буремаут, а истото не го направил и со својот миленик Матиќ.
Португалецот и Србинот имаа одлична соработка кога беа дел од Челзи и благодарение на Мурињо, Матиќ се пресели во Манчестер откако беше купен за 40 мил. фунти.
Искусниот играч за врска изминатите неколку дена беше во центарот на виманието затоа што одби да носи цвет во чест на загинатите британски војници во Првата светска војна. Тоа го направи поради НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година, во кое учествуваа и британските војници. Интересно, Матиќ го носеше цветот додека играше за Челзи.
Ваквиот потег на Матиќ фудбалските фанови во англиската Премиер лига го дефинираа како недостаток на почитување кон нивната земја.