Connect with us

Фудбал

Милевски пред дуелот со Англија: Македонија со години покажува дека има квалитет да биде конкурентна во Европа!

Во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 меѓу Англија и Mакедонија на „Олд Трафорд“ во Манчестер, прес – конференција одржаа селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски и капитенот, Стефан Ристовски.

Очекувањата на селекторот се следни:

„Македонија покажа не само сега во моментов, туку покажува и назад неколку години дека има квалитет и потенцијал да биде конкурентна во Европа. Да не се навраќам што овие момци имаат постигнато низ годините. Овој тим има потенцијал да одигра добар меч со Англија, а потоа да биде конкурентна и во квалификациите.

Ме радува фактот што Серафимов и Велковски го завршија тренингот без проблеми. Се надевам дека ќе се стават во функција на денешниот натпревар. Натпреварот кој ни следи го играте еднаш, можеби и ниеднаш пак во своите кариери. Мора да го потврдиме она кое го покажавме во претходните дуели.

Околу Англија, не треба да се трошат зборови, дали е индивидуален или тимски најдобар. Се работи за екипа со врвни фудбалери, кои пред некое време ја освоија Лигата на шампионите. Би ја сместил Англија во ТОП-3 во Европа и ќе ни биде чест да одиграме меч со таков ривал“.