Connect with us

Фудбал

Милевски за мечот со Украина: Не одиме на реми, сакаме само победа!

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина (14. октомври, 15:00 часот) во Прага и контролниот меч против Ерменија во Струмица (17. октомври, 15:00 часот).

Во пресрет на мечот со Украина, тој вели:

„Веќе влегуваме во завршницата и сите натпревари се клучни. Само победа ни одговара и нам, но и на Украина за да се најдеме во оптимална ситуација пред ноемвриските дуели. Очекувам отворен натпревар, бидејќи нема да се игра на реми. По ова ни следуваат дуелите со Италија и Англија, па ќе видиме. Анализиран е првиот натпревар со Украинците, особено тие завршни 30 минути. Воочени се аномалиите и позитивните работи. Во функција на тоа што планираме е и списокот. Ќе мора многу работи да поправиме од првиот меѓусебен меч. Сакаме да победиме, работиме само за таков исход, без разлика против кој ривал играме. Атмосферата по септемвриските натпревари е подобра. Момците пред тие два меча донесоа позитивна атмосфера“.