Connect with us

Фудбал

Милинковиќ-Савиќ по завршувањето на Мундијалот ќе размислува за трансфер

Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ денеска изјави дека е целосно фокусиран на претстојниот Мундијал, а за тоа каде ќе игра следната година, ќе размисли по завршувањето на турнирот во Русија.

Милинковиќ-Савиќ е еден од најбараните играчи на светот, а интерес кон него пројавуваат гиганти како Манчестер Јунајтед, Јувентус, Челзи, Париз Сен Жермен и други, поради што Лацио ќе бара најмалку 100 милиони евра, но како што вели, тоа сега е во втор план.

– Се обидувам да останам настрана во однсо на трансферот. Секој ден читам нешто ново, секој ден сум под притисок, тоа стигнува до мене. Се обидувам да бидам најдобар на Светското првенство, а потоа ќе видам што ќе се случи. Засега не размислувам за трансфер, изјавил Милинковиќ-Савиќ пред новинарите во Австрија, каде нашиот северен сосед ги одржува подготовките.