Connect with us

Фудбал

Милинковиќ-Савиќ пред трансфер во Милан

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ е близу да се пресели од Лацио во Милан на заем вреден 40 милиони евра.

Гигантот од „Сан Сиро“ постигнал договор со лидерите на римскиот клуб и на крајот од сезоната ќе има право да го откупи договорот на 23-годишниот играч од средниот ред, јавува италијански „Соле 24“.

„Газета дело Спорт“ пак, вели дека Сергеј е голема желба на директорот Леонардо, но и играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен – Адријан Рабио.

Годинава, Сергеј беше поврзуван со ривалот Јувентус, клубовите од Манчестер – Сити и Јунајтед, како и Челзи, Реал Мадрид, ПСЖ, но во моментот, „росонерите“ се најконкретни во своите обиди.

Денес е последниот ден за трансфери во Италија и наскоро ќе го дознаеме епилогот на сагата.