Connect with us

Фудбал

Милиони и Кутињо за Мбапе

Каталонскиот гигант Барселона сака во своите редови да го има напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Актуелниот шампион на Шпанија за талентираниот млад Французин подготвува богата милионска понуда, а во обратната насока би требало да се упати и бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо.

„Дон Балон“ објави дека челниците на Барса се подготвени да одвојат околу 150 мил. евра за обесштетувањето на Мбапе. Иако сезонава одигра само 12 натпревари, Мбапе веќе постигна 13 погодоци и запиша осум асистенции. Кутињо во шпанската Примера одигра 15 натпревари на кои постигна четири погодоци.