Ракомет
Милош Рајчиќ ќе биде фит за плеј-офот во таборот на “зелено-белите” .
Првиот голман на Пелистер , Милош Рајчиќ имаше враќање помеѓу диреците на саботниот дуел во Охрид кога од страна тренерот , Борче Марковски доби шанса да застане на голот на Пелистер на неколку седмерци . Според медицинскиот тим на Пелистер но и самиот Рајчиќ имаме само позитивни вести со што повредата е само минато .
Популарниот “Раја” го повреди мускулот на ногата исто против Охрид во зимскиот дел на подготовките и отсуствуваше неколку седмици . Во меѓувреме на голот на Пелистер наизменично добиваа шанса повратникот , Мартин Јовановски кој имаше сјајна партија против Еурофарм , новото засилување црноготецот , Јагош Брауновиќ како и младинскиот производ Бобан Ристевски .