Фудбал
Минамино го напушти Ливерпул во последните минути од преодниот рок
Такуми Минамино пристигна во Ливерпул пред една година како големо засилување од Ред Бул Салцбург.
„Црвените“ издвоија десет милиони евра за доаѓањето на Јапонецот, но тој не успеа да се избори за место во почетниот состав. Минамино најмногу добиваше шанса од клупата, па реши да го напушти Ливерпул.
На самиот крај на зимскиот преоден рок, Ливерпул потврди дека Минамино го напуштил клубот и дека ќе играат во Саутемптон на позајмица до крајот на сезоната.
Саутемптон на лето ќе има шанса да го откупи договорот со овој 26-годишен фудбалер, што сигурно ќе биде големо засилување за овој клуб.
All the best at @SouthamptonFC, @takumina0116 ?
— Liverpool FC (@LFC) February 2, 2021