Connect with us

Ракомет

Минимален пораз и второ место за Македонија

Македонската А  кадетска ракометна репрезентација го освои второто место на турнирот што се играше во Скопје.  Нашиот тим на решавачкиот дуел за првото место минимално беше поразен од селекцијата на Унгарија (19-20) и го освои второто место, но остави многу позитивен впечаток и штета е што денеска не успеа да ја совлада Унгарија.

Гостинскиот состав во раната фаза на натпреварот стигна до предност (7:3) и го принуди македонскиот состав да брка разлика постојано.
Израмниве на почетокот на вториот дел (14:14), потоа се играше гол за гол се додека Македонија не потроши еден напад во обидот да израмни при резултат (17:18). Поведе Унгарија 19:17, потоа Македонија постигна два, гостите еден  гол  и средбата заврши со победа од  еден гол за Унгарците.