Connect with us

Фудбал

Минимална победа на Барселона против Ваљадолид

Повеќе од 20.000 гледачи уживаа во интересен натпревар, но повеќе причина за славење на крајот, очекувано имаше Барселона која победи со минимални 1:0.

Без голови заврши првото полувреме во кое Барса воглавно играше подобро, а на гол се чекаше до 57. минута кога мрежата на Ваљадолид  по нафрлањето на Серхи Роберто ја затресе Дембеле со глава.

Во продолжението од натпреварот и двете екипи имаа одлични шанси, Барселона беше таа која беше конкретна, но малку недостасуваше за „Каталонците“ да останат без трите бода кај Ваљадолид.

Имено, вистинска драма се случуваше во финишот од натпреварот кога Кеко го матираше Тер Штеген, меѓутоа голот на фудбалерот на Вањадолид беше поништен. Откако судијата ги прегледа снимките утврди дека Кеко беше во офсајд и сите три бода отидоа во Барселона.