Connect with us

Фудбал

Миовски сам се избори за пенал, тој го шутираше, но промаши, но ниту еден соиграч не му даде поддршка (ВИДЕО)

Бојан Миовски се најде во почетниот состав на Жирона на мечот со Феенорд во второто коло од ЛШ.. За жал неговиот тим загуби со 3:2. Имаше удел во еден гол, кога шутираше со глава, а потоа негов соиграч ја зафати одбиената топка и постигна гол. Сепак, Миовски имаше шанса да има фантастично деби во ЛШ во дресот на Жирона. Имено, тој самиот се избори за пенал, одлучи да го шутира, но не успеа да го претвори во гол. Дел од коментарите на социјалните мрежи на фановите на Жирона се зошто ниту еден од соиграчите не му дал поддршка на Миовски по промашениот пенал.