Connect with us

Фудбал

Миранда блиску до продолжување на договорот

Според италијанските медиуми, Бразилецот Миранда (33) е многу близу до продолжување на договорот со Интер.

Овој стопер има договор до крајот на тековната сезона, Интер не сакаат во никој случај да го загубат, па се во преговори за продолжување на договорот за уште една година.

Калчомеркато пренесува дека на почетокот на летото Миранда имал желба да го напушти клубот, но спортскиот директор Пиеро Аусилио го убеди да остане и да размисли. Истиот извор вели дека сега е блиску до продолжување на договорот на уште една дополнителна година.

Инаку, Миранда дојде во Интер во летото 2015 година од Атлетико Мадрид, во кој помина четири многу успешни сезони. Тој играше вкупно 52 натпревари за репрезентацијата на Бразил и постигна два гола.