Connect with us

Кошарка

Миротиќ е професионалец, предавник, или професионален предавник?


Информацијата дека Барселона е блиску до договор со крилниот центар на Милвоки бакс, Никола Миротиќ, ја шокираше европската кошаркарска јавност, но кога станува збор за овој натурализиран Шпанец, веќе ништо не е чудно.

Миротиќ е роден пред 28 години во главниот град на Црна Гора, Подгорица, има српско потекло, но кога наполни 14 години му се придружи на јуниорскиот тим на Реал Мадрид. Од 2008 до 2014 играше за првиот тим на Реал, па за време на престојот во шпанската престолнина, одлучи да игра за репрезентацијата на Шпанија.

Потоа Миротиќ прејде во НБА лигата, прво беше во Чикаго булс, каде се степа со еден клупски колега, и го извлече подебелиот крај, па се пресели во Њу Орлеанс, од каде го трампаа во Милвоки бакс.
Сега се зборува дека иако во НБА може да добие договор од 50-тина милиони долари за три години (пари кои не би ги добил ако игра во Европа), би се вратил на стариот континент, и тоа во редовите на Барселона, најлутиот ривал на неговиот некогашен клуб Реал Мадрид.
Доколку се реализира овој трансфер, Миротиќ повторно ќе го нарекуваат предавник, овојпат Шпанците ќе бидат измамената страна, но има и такви кои сметаат дека Никола е професионалец и прифаќа понуда за која мисли дека најмногу му одговара.
.

Извор: Sportmanija.mk