Фудбал
Мислевте дека само фудбалерите заработуваат огромни суми, погледнете колку заработил менаџерот на Роналдо
Иако преодниот рок уште не е завршен, полека се прават прсметки колку заработиле познатите фудбалски менаџери. На врвот е еден од највлијателните менаџерите, Жоре Мендеш, а негов најпознат клиент е Кристијано Роналдо.
Како што пишува португалската „А Бола“ во овој преоден рок Мендеш заработил околу 20 милиони евра. Најмногу заработил од последниот трансфер, оној на Рубен Диас од Бенфика во Манчестер Сити. Неговиот процент изнесува 6,8 милиони евра, а целиот трансфер е 68 милиони плус дополнителни бонуси. Во обратна насока замина Николас Отаменди, кој исто така е негов клиент, па заработи и на него 1,5 милиони евра.
На трансферот на Диго Жота од Вулверхемптон во Ливерпул инкасирал 4,4 милиони евра, додека на Фабио Силва од Порто во Вулверхемптон 4 милиони. Уште еден негов клиент заврши во Вулверхемптон, тоа е Нелсон Самедо од Барселона, а за неговиот трансфер Мендеш добил 3 милиони евра.