Други спортови
Млад боксер почина по нокаутот
Јорданскиот боксер Рашед Ал-Сваисат (18) беше нокаутиран пред 11 дена на Светското првенство во Полска. Тој за жал почина денес.
Тој се здоби со повреда на главата во борбата против естонскиот борец Антон Вионградов. По нокаутот, најпрво му беше пружена помош во рингот, а потоа беше итно пренесен во болница на операција.
Единаесет дена се бореше за својот живот, но за жал денес беше објавено од Меѓународната боксерска федерација дека починал.
„Рашид е во нашите срца и во нашите молитви. Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и соиграчите, на кои им изразуваме искрено сочувство“, рече АИБА.