Фудбал
Младиот играч на Рома се распадна по натпреварот, а погледот му отиде само кон небото
Љубителите на фудбалот синоќа можеа да уживаат во големото градско дерби помеѓу Лацио и Рома.
Римските клубови одиграа фантастичен натпревар на „Олимпико“, и на крајот победи Лацио со 3:2.
Домашниот тим одлично го отвори натпреварот и со головите на Милинковиќ-Савиќ и Педро поведе со 2:0 по само 19 минути игра. Рома во натпреварот ја врати Ибанез со гол за 2:1.
Сепак, Лацио успеа да стигне до 3:1 во 63. минута, а конечните 3:2 само шест минути подоцна ги постави Веретаут од пенал.
Рома се обидуваше да стигне до реми до самиот крај на натпреварот, но Лацио ја сочува нивната мрежа. По натпреварот во центарот на вниманието беше младиот Никола Залевски, кому Мурињо му даде шанса во самиот финиш.
Залевски имаше неколку добри продори и создаде неколку шанси за тимот на Рома, и остави многу добар впечаток.
Но, по натпреварот, 19-годишниот Полјак се расплака додека другите соиграчи на Рома се обидоа да го утешат.
Credit to Nicola #Zalewski. Sadly lost his dad to cancer on Friday and played some mins in the derby on Sunday. You can see he was visibly upset at the end of the game ❤️❤️❤️ #lazioRoma #AsRoma pic.twitter.com/TA6kGUGD8M
— Scot Munroe (@scot_munroe) September 26, 2021
Кратко потоа, италијанските медиуми објавија дека Залевски го одиграл овој натпревар под големи емоции, бидејќи неговиот татко почина во петокот по долгата и тешка битка со ракот.
Залевски сакаше да биде дел од тимот за римското дерби и го даде својот максимум на теренот, но по натпреварот не можеше да ги контролира емоциите и само гледаше кон небото.
Младиот фудбалер дебитираше за полската репрезентација претходно овој месец, а неговиот татко Кшиштоф беше на трибините, плачеше од среќа и гордост, а за жал почина само неколку недели подоцна.
The father of Nicola Zalewski has passed away. He lost the battle with cancer.
A few weeks ago he was in tears of joy after Nicola's senior international debut for Poland…
Rest in peace, Krzysztof. pic.twitter.com/n9GOSllqVk
— Football Talent Scout – Jacek Kulig (@FTalentScout) September 24, 2021