Connect with us

Фудбал

Многумина не би се осмелиле, но тоа е Меси: Спектакуларен гол од пенал за 3:2 (ВИДЕО)

ПСЖ стигна до целосен пресврт против Лајпциг.

ПСЖ поведе со голот на Мбапе во деветтата минута, а Андре Силва израмни на 1:1 во 28. минута.

Ладен туш за Парижаните, бидејќи Мукиле му донесе неочекувано водство на Лајпциг од 2-1 во 57. минута.

Парижаните можеби ќе останеа без бодови доколку во своите редови немаа еден од најдобрите на сите времиња. Во 67. минута Меси израмни на асистенција на Мбапе, а потоа во 74. минута го претвори пеналот со во гол за 3:2.

Исто така, треба да се има предвид дека Мбапе му го препушти изведувањето на пеналот, а Аргентинецот, дури и во таков важен момент, одлучи да постигне спектакуларен гол од белата точка.

 

Реклама

Facebook

Реклама