Тајмаут
Многумина не забележаа дека Роналдо не го прослави голот против Барса
Португалскиот фудбалер и напаѓач на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо постигна гол против Барселона пред два дена, но овој пат тој одлучи да не го прослави.
Роналдо ја потресе каталонската мрежа на почетокот на натпреварот, откако Барселона претходно водеше со 1: 0. Многумина не забележаа дека тој одлучи да не го прослави голот но новинарите го видоа и го прашаа по натпреварот за причината.
Роналдо веднаш објасни:
“Како можам да го славам голот кога лицето кое ме научи да играм фудбал е во болница?”, ги праша Роналдо присутните новинари.
Се разбира, официјално најдобриот играч во светот во овој случај мисли на Сер Алекс Фергусон, кој еден ден претходно имаше мозочен удар и за време на натпреварот на Барселона и Реал Мадрид беше во кома. За среќа, денешните информации од Англија се повеќе позитивни и велат дека Фергусон се разбуди и разговарал со своето семејство.
Роналдо и Фергусон соработувале од 2003. до 2009. година во Манчестер Јунајтед а Португалецот во тоа време за прв пат во својата кариера беше прогласен за најдобар играч во светот.