Connect with us

Фудбал

Мо Салах е единствениот во Топ 5 европските лиги со учинок 15+15

„Кралот на Египет“ и голгетерот на Ливерпул Мо Салах имаше одличен настап во 2023 година.

Дерби натпреварот помеѓу Ливерпул и Њукасл вечерва го затвора 20. коло од Премиер лигата и го отвора фудбалот во 2024 година кога се во прашање Топ 5 лигите на Европа.

Овие два клуба во изминатиот период одиграа неколку антологиски натпревари во лигата, а вечерва се очекува одличниот Египќанец повторно да биде во центарот на вниманието.

Опта Спортс, британска компанија за спортска аналитика, објави дека во 2023 година, Мохамед Салах бил единствениот играч во петте најсилни лиги во Европа (Англија, Германија, Шпанија, Италија, Франција) со 15 или повеќе постигнати голови и исто толку асистенции!

Салах имаше учинок од 24 гола и 15 асистенции и со тоа стана првиот во Премиер лигата кој во една календарска година го повтори подвигот на Тиери Анри во 2003. Славниот Французин тогаш беше уште поуспешен во дресот на Арсенал – постигна 25 гола и регистрирани 19 асистенција.