Connect with us

Фудбал

Моџи најави големи тренерски промени

Поранешниот контроверзен директор на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Лучијано Моџи, е убеден дека “старата дама” во следната сезона ќе има нов тренер. Според Моџи, во жешкото тренерско столче ќе седне Зинедин Зидан, кој со Реал (М) освои три по ред титули во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, а на “Сантијаго Бернабеу” ќе се пресели актуелниот предводник на Јуве, Масимилиано Алегри.

За време на летниот преоден рок постојано се шпекулираше дека Алегри ќе биде наследник на францускиот стручњак, но Моџи е убеден дека ќе бидеме сведоци на сосема поинаква ситуација за околу шест месеци.

Идеата на Моџи може да ја расипе само Манчестер Јунајтед, кој после отказот за Жозе Мурињо, го ангажираше Оле Гунар Солскер како привремено решение за менаџерската позиција.
Англискиот клуб не крие дека е сериозно заинтересиран за услугите на Зинедин Зидан, кој ќе стане најплатен тренер на денешницата доколку се пресели на “Олд Трафорд”. Јувентус има посебно место во срцето на Зи-Зу, кој “црно-белиот” дрес го носеше од 1996 до 2001 година.