Connect with us

Фудбал

Модриќ е повреден, нема да игра против Гранада

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ќе го пропушти натпреварот против Гранада поради повреда на мускулите на левата нога, пренесуваат шпанските медиуми.

Хрватскиот интернационалец не се појави на тренинг во понеделникот, а деталните прегледи го очекуваат во вторник, по што ќе се знае колку долго ќе отсуствува од терените.

Според шпанските медиуми, се чини дека повредата не е посериозна.

Модриќ се повреди во неделата на натпреварот против Еибар, па го напушти теренот во 72-та минута. Тој претходно се запиша во листата на стрелците во 13. минута.

Реал ќе игра против Гранада во среда, додека последен ривал во 2020 година ќе им биде Елче на 30 декември.