Connect with us

Фудбал

Модриќ после Мундијалот ќе направи сензационален трансфер

Лука Модриќ во дуелот Хрватска – Аргентина уште еднаш ја покажа својата класа. Одигра одлична партија, а потоа истата ја круниса со одличен погодок.

Модриќ зад себе има одлична сезона во Реал Мадрид, а сега се појавиа гласини дека веќе ова лето може да го напушти Реал. Имено, како што пренесува „Don Balon“ наводно  на масата на претседателот на „Кралевите“ стигна понуда од Баерн Минхен.

„Модриќ наскоро ќе наполни 33 години и не исклучено да го потпиши последниот договор со некој голем клуб од Европа. Се е можно, новиот тренер на „Баварците“ Нико Коваќ сигурно може да го увери играчот од средниот ред на овој потег“ наведуваат Шпанците.

Наводно за услугите на Модриќ е заинтересиран и Тотенхем, чиј дрес го носеше пред да премине во редовите на Реал Мадрид.