Connect with us

Фудбал

Модриќ се подалеку од Интер, Хрватот патува за Талин

„Кралевите“ попладнево ја објавија експедицијата која ќе летне за Талин каде во среда Реал Мадрид ќе се бори за првиот трофеј во сезоната. Хулен Лопетеги за Суперкупот на Европа и дуелот со Атлетико Мадрид го повика и Лука Модриќ, кој изминатите неколку недели силно се поврзува со трансфер во Интер, пишува 24фудбал. Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за modric

Репрезентативецот на „Коцкестите“ се има договорено со „Нероаѕурите“ но проблем е тоа што Реал Мадрид, или поточно Флорентино Перез не сака да слушне за продажба.

Се верува дека Лука Модриќ и првиот човек на „Кралевите“ имале џентлменски договор, но откако ова лето Сантијаго Бернабеу го напуштија Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо, Флорентино Перез не помислува да се раздели со фудбалерот од средниот ред.Резултат со слика за modric

Медиумите од Италија велат дека агентите на Лука Модриќ ќе останат во Мадрид и до последен миг ќе се обедат да издејствуваат трансфер, но се чини дека Хрватот е се подалеку од Интер ако во предвид се земе дека трансфер пазарот во Италија финишира во петок.Резултат со слика за modric