Connect with us

Фудбал

Мохамед Салах негативен за коронавирус

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека Мохамед Салах бил негативен на коронавирусот и дека ќе ги помине потребните тестови пред натпреварот со Аталанта.

Салах ги пропушти последните натпревари поради коронавирусот, но Клоп по натпреварот против Лестер на „Енфилд“ вчера изјави дека Египќанецот сега е негативен.

Доколку ги мине тестовите на УЕФА и биде исто така негативен, Салах ќе му биде на располагање на тренерот Клоп за мечот од Лигата на шампионите против Аталанта.

Потсетиме дека Салах се зарази додека одеше во Египет за меѓународите натпревари, а подоцна се појави видео од sвезда на „црвените“ како ужива на една свадба со своите роднини.