Connect with us

Фудбал

“Мојот син го одби Јунајтед, ќе потпише за Арсенал”

Сократис Папастатопулос ќе потпише за Арсенал, иако тој беше во можност да оди во Манчестер Јунајтед.

Грчкиот репрезентативец е подготвен да стане новото дефанзивно засилување на Унаи Емери, откако денеска потпиша Стивен Лихштајнер.

Наводно, од Арсенал се договориле со Борусија Дортмунд околу трансферот, за кој „Топчиите“ ќе плати 16 милиони фунти. Се очекува Сократис да потпише тригодишен договор, со опција за уште една година.

„Имаше интерес од Јунајтед, но требаше да чека до јули. Јунајтед имаа добри односи со Дортмунд, но мојот син сакаше да оди во Арсенал“, изјави таткото на Сократис, Чараламбос за грчката радиостаница.

Тој уште денес би требало да ги направи лекарски преглед и да потпише официјален договор со Арсенал.

„Оди да игра на повисоко ниво во најконкурентна лига во светот, верувам дека ќе биде добар“, заклучи таткото на Сократис.