Connect with us

Фудбал

Моќна порака од Елиф Елмас: Дојдовме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, останатото е ИСТОРИЈА!

По Горан Пандев, Македонија може да се пофали дека има уште еден наш играч кој е шампион на Италија. Тоа е Елиф Елмас, кој синоќа по ремито со Удинезе 1:1, со Наполи ја освоија титулата. По мечот, Елмас на социјалните мрежи со моќна порака.

Дојдовме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија, Камерун и останатото е ИСТОРИЈА”, напиша Елиф Елмас на својот инстаграм профил по повод шампионската титула за Наполи.