Тајмаут
ВИДЕО: Mоментот поради коj секој навивач на Барселона плачеше
Андрес Иниеста во неделата го одигра последниот натпревар за Барселона по што величествено се збогува со дресот на каталонскиот клуб каде што ја помина досегашната кариера.
Еден од најдобрите играчи од средниот ред во последните десет години, одлучи дека е време да ја напушти Барселона, но навивачите на овој клуб подготвиа спектакуларно збогување кое Иниеста го заслужи.
Иниеста на Камп Ноу остана до раните утрински часови и беше јасно дека му беше многу тешко да го напушти клубот, каде што беше од мали нозе. По половина час седејќи на теренот пред празните трибини, дојде моментот кога сите навивачи на Барса плачеа.
Поточно, Иниеста се упати кон соблекувалната на Барселона, каде што за последен пат беше како играч на овој клуб. Дури и Иниеста заплака во моментот кога го испразнуваше неговиот шкаф во кој 15. години биле неговите работи.