Connect with us

Фудбал

Монако ја разби Барселона и на нејзин терен пред нос и го зема трофејот (ВИДЕО)

Екипата на Монако направи изненадување и ја совлада Барселона со 3:0 и и го зема трофејот пред нос. Секоја година пред почетокот на сезоната, Барселона како домаќин организира турнир „Жоан Гампер“. Оваа година за пехарот се бореа Барселона и Монако, а со головите на Камара, Емболо и Диоп, Монако славеше со убедливи 3:0.

– Игравме добро во првите минути и создадовме многу добри шанси. Но, генерално денеска ни недостигаше контрола, самодоверба, брзина и прецизност во додавањето. Во вториот дел не можевме да ги поправиме нашите грешки. Тоа не беше најдобриот наш натпревар. Не игравме на нивото какви што бевме на турнејата во САД. Можеме да анализираме што сме направиле правилно и што не, а потоа да работиме на тоа на тренинзите, изјави Флик.

Ова е прв пат по пауза од 11 години некоја друга екипа, а не Барселона, да го освои овој трофеј. Последен пат тоа и успеало на Сампдорија во 2013-та година.