Connect with us

Фудбал

Монтела добива шанса во Ла Лига, овој пат без притисок

По отказот на Монтела од Милан, италијанскиот стратег добива шанса во шпанска примера и тоа без притисок.

Шпанските и италијанските медиуми пренесуваат дека Монтела наскоро би можел да се пресели во Шпанија и да го преземе тимот на Севиља, бидејќи клубот веќе започнал преговори со италијанскиот стратег.

Покрај Монтела на листата претенденти за столчето на Севиља се уште Валтер Мацари, Луис Енрике, Томас Тухел и Хави Гарсија. Минатата недела Севиља му врачи отказ на тренерот Едуардо Берицо поради серијата на лоши резултати.