Connect with us

Фудбал

Мората по поразот од Италија: Да живее Шпанија!

Феноменален натпревар во полуфиналето на Европското првенство одиграа Италија и Шпанија.

На крајот, по 120 минути безмилосна борба, патникот во финалето беше решен со пенали. Италијанците имаа повеќе среќа, а еден од трагичарите беше Алваро Мората.

Напаѓачот на Јувентус ја врати Шпанија во живот на десет минути пред крајот на регуларниот дел од натпреварот кога погоди за 1:1, но тој не беше прецизен во пенал серијата, односно неговиот удар од 11 метри го спречи голманот на репрезентацијата на Италија.

После натпреварот, Мората истакна дека Шпанија заслужува многу повеќе од поразот во полуфиналето и дека е горд што е дел од националниот тим.

„Овој тим заслужи многу повеќе. Сите, на крајот на краиштата, како и сите навивачи, сонувавме да победиме. Можам да кажам дека сум горд што сум дел од овој тим“, рече Мората.

Шпанскиот напаѓач на крајот им се заблагодари на сите за големата поддршка.

„Благодарам на сите што веруваа во нас. Фудбалот понекогаш може да биде неправеден. Да живее Шпанија“, изјави напаѓачот на Јувентус.

За потсетување, вечерва е вториот полуфинален натпревар на кој ќе се натпреваруваат Данска и Англија, а фудбалските експерти им даваат голема предност на Англичаните во пресрет на овој дуел.