Фудбал
Мората се поздрави со Фабрегас, но тој уште утре би можел да го напушти Челзи
Шпанскиот напаѓач Алваро Мората е на чекор од заминување од Челзи.
Како што пишуваат англиските медиуми, 26- годишниот фудбалер во наредните денови ќе ги напушти редовите на тимот од „Стемфорд Бриџ“ и ќе ја зајакне екипата на Севиља.
Договорот помеѓу Челзи и шпанскиот тим е многу близу. Мората би се согласил да замине и извесно е дека овој напаѓач ќе го гледаме во дресот на Севиља.
Шпанецот во Челзи стигна како големо засилување во јуни 2017. година. „Плавите“ за неговите услуги уплатија 66 милиони евра на сметката на Реал, но не ги оправда очекувањта.
Во година и пол на „Стемфорд Бриџ“ постигна 24 голови во 72 натпревари, а од навивачите на лондонскиот клуб се збогуваше со два гола во ФА Купот против Нотингем Форест.
Покрај Севиља, Мората се поврзуваше со Милан, но от тоа на крајот нема да биде ништо, затоа што менаџерот на Челзи Маурицио Сари не успеа да го донесе напаѓачот на „Росониерите“ Гонзало Игуаин.
Морада остави проштална порака за Фабрегас
Алваро Мората нема да биде единствениот шпански фудбалер кој го напушта тимот од “Стемфорд Бриџ“.
На натпреварот од ФА Купот против Нотингем за последен пата во дресот на Челзи настапи Фабрегас, кој ќе биде нов член на француски Монако.
„Не знаете колку ќе ни фали. Фала за убавите и среќни моменти“, напиша Мората на Инстаграм на заедничката фотографија.
Фабрегас, некогашниот фудбалер на Барселона и Арсенал, во солзи го напушти „Стемфорд Бриџ“, а иако се поврзуваше со Милан веќе подолго време, наводно одлучил да го прифати повикот на Тиери Анри и Монако, кој веќе во своите редови донесе неколку засилувања.
Така Челзи ќе остане без двајца шпански фудбалери, но нивното отсуство веројатно нема многу да влијае на овој тим, затоа што ниту еден од нив не беше во прв план кај менаџерот Маурицио Сари.