Фудбал
„Морав да побегна од Меси и Суарез, немаше што друго да направам“
Шпанскиот напаѓач Пако Алкасер бележи неверојатен старт на сезоната во новиот клуб, Борусија Дортмунд.
Верувале или не, Пако за Борусија постигна шест голови во Бундеслигата а вкупно одигра 81 минута. Играше на три натпревари, а во просек постигнува гол на секои 14 минути.
Одличниот напаѓач се препороди во Борусија, клубот во кој дојде на позајмица од Барселона, каде не се наигра во минатите две години.
„Во текот на летото донесов одлука да одам во некој друг клуб каде конечно ќе играм, а изборот падна на Борусија. Немаше што друго да прав, туку да заминам, едноставно морав да побегнам од Меси, Суарез и и Кутињо. Тоа се играчи од светска класа кои имаа предност пред мене во Барселона и ми беше навистина тешко да сметам на некоја минута пред нив“, кажа Алкасер, па продолжи:
„Од првиот ден во Борусија сум одлично прифатен и навистина мислам дека сум го направил најдобариот можен потег. Не го познавам јазикот, но сите соиграчи ми излегуваат во пресрет за што и да ми затребаат“.
Покрај шесте голови во Бундеслигата каде е најдобар стрелец, Пако Алкасер постигна и еден гол во Лигата на шампионите против Монако.